Рафа на удар во Шпанија- Тони Надал: Тој плаќа данок тука и има право на мислење

Коментарите на Рафаел Надал за политиката и политичките партии добија големо внимание на јавноста во земјата.
„Бикот од Мајорка“ ги обвинил политичарите, без оглед на партиите, за некои грешки за време на пандемијата на корона вирусот, посочувајќи дека тие го изгубиле кредибилитетот.


Надал бил и на мета на критичарите, а неговиот чичко и поранешниот тренер Тони застанал во негова одбрана.
„Не можам да разберам дека оној што плаќа данок тука нема право да го искаже своето мислење. Мислам дека има смисла дека тој има право, без разлика кој си ти. Секој има право на мислење“, рекол Тони Надал, и додал:
„Има луѓе кои размислуваат поинаку. Проблемот е што ние сме во постојана конфронтација. Ако не сте еден од нив, сè што велите нема да им се допаѓа. Тоа треба да се промени“, рекол Тони Надал.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Откако беше обвинета за фотошопирање фотографии, актерката откри како изгледа без шминка

Откако беше обвинета дека изгледа непрепознатливо на фотографиите, Салма Хајек на Инстаграм го покажа својот …