Планот на Ѓоковиќ успешен: 6.000.000 долари за најзагрозените тенисери

Водечките тениски организации потврдија дека ќе им помогнат на сите послабо рангирани тенисери и тенисерки погодени од пандемијата на коронавирус.
Кампањата за помош на сите играчи за прв пат ја покрена Новак Ѓоковиќ, а планот сега е конкретен.
Вкупниот фонд за помош е 6.000.000 американски долари, кој ќе биде платен на сметките на околу 800 тенисери и тенисери на АТП и ВТА турот.
Парите ќе бидат распределени според ранг-листата, како и претходната заработка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Супер лигата останала без половина клубови: „Подготвуваме нов модел на натпреварување, одиме понатаму!“

Шесте преостанати клуба од фудбалската Супер лига во текот на ноќта соопштиле дека ќе продолжат …