БОРБА СО ПАНДЕМИЈАТА: Холандски научници откриле антитела што блокираат коронавирусот да влезе во клетките

Разликата меѓу целосно човечко антитело и другите антитела е во тоа што другите антитела прво се развиваат во другите видови, пред да се „хуманизираат“ за да можат да бидат пренесени на луѓето.
Тим холандски научници открил антитела што спречуваат вирусот Ковид-19 да влезе во човечките клетки, што пак, може да доведе до развој на лекот, пренесе Сајанс дејли (Sciencedialy).
Истражувачите од Универзитетот во Утрехт, Еразмус Медицинскиот центар и Харбор Биомед (ХБМ) соопштија дека идентификувале цело човечко моноклонско антитело што спречува САРС-КоВ-2 (КОВИД-19) да навлезе во клетката.
Наодите, објавени на сајтот Nature Communaications, претставуваат првичен чекор кон развојот на целосно човечко антитело за лекување или спречување на Ковид–19.


Според коавторот за истражувањето, Беренд Јан Бос, неутрализирачкото антитело има потенцијал да ја запре инфекцијата кај заразеното лице, да помогне во „чистење“ на вирусот или да го заштити неинфицираното лице изложено на вирусот.
„Оваа карактеристика на антителата во вкрстената неутрализација е многу интересна и укажува на тоа дека можеби има потенцијал да ја ублажи болеста предизвикана од коронарвирусите што во иднина ќе се појават“, рекол тој.
Антителото што се користи во ова истражување е целосно човечко, дозволувајќи лекот забрзано да се развива и да се намалат потенцијалните несакани ефекти поврзани со имунитетот.
Разликата меѓу целосно човечко антитело и другите антитела е во тоа што другите антитела прво се развиваат во другите видови, пред да се „хуманизираат“ за да можат да бидат пренесени на луѓето.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Селена Гомез објаснила каква е нејзината здравствена состојба откако било забележано дека и се тресат рацете: Актерката продолжува да се бори по трансплантацијата на бубрег

Селена Гомез (30) неодамна сподели видео на Тик Ток, а нејзините обожаватели забележале дека рацете …