(ВИДЕО) Забрането видео за трагичното откритие на Никол Сиротек, медицинска сестра од САД: „Не ни умираат од КОВИД-19 туку од небрежен медицински третман!“

„Никој не слуша. Не им е грижа што се случува со овие луѓе. Буквално доаѓам тука секој ден и гледам како ги убиваат“, вели таа. Сиротек објаснила дека „ние дури и не ги лекуваме момците од КОВИД“ и најчесто се прави неопходниот минимум за да се одржат подолго во живот, но не и да им се помогне да станат подобри и да оздрават. Ова доведе непотребно до 100% стапка на смртност во нејзината единица, тврди таа.

Сиротек тврди дека болниците се толку небрежни кон пациентите со КОВИД, што таа всушност им била доделена на луѓе кои веќе се мртви, но никој не го знаел тоа. „Колку долго се мртви? Никој не знае!”, била во шок Сиротек.

„Потоа, секој ми кажува држете се таму, правите одлична работа, не можете да ги спасите сите – неверојатни сте, вие сте одлична медицинска сестра“. Сиротек објаснила дека знае дека е одлична медицинска сестра, но она што треба е некој да и помогне да ги лекува и да ги спаси своите пациенти „од убиство“.

 

Во овој момент, Сиротек се расплакува со солзи велејќи дека повеќе нема идеи што да прави. „Дали сум единствената што не е социопат?“ Таа објаснила дека, додека некои пациенти легитимно ќе имаат мулти-органски инсуфициенции и умираат од КОВИД, тоа не било случај со случаите што ги видела. „Јас ви кажувам буквално дека ги убиваат овие луѓе – и никој нема да ме слуша. Кога ќе дефибрилаш некого со чукање на срцето од 40. и со стабилен ритам ти ги убиваш, тоа е убиство“.

Таа рекла дека им се обратила на новинските организации, администраторите на болници, за помош, но без никаков ефект. „Останете безбедни. Останете надвор од Њујорк за вашата здравствена заштита“, заклучува во нејзиното видео кое е неколку пати забрането на Јутјуб така што погледајте го пред да го забранат и ова.
Своето јавување во живо Никол го имала на Фексбук но после тоа нејзината страница била отстранета, и сеуште е.

Но, луѓето го преснимуваат видеото, му ставаат разни други детали, со цел да го зачуваат и да и овозможат на медицинската сестра да ја каже вистината.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТАЈНА ЗА СРЕЌЕН БРАК – НА ДЕНОТ НА ВЕНЧАВКАТА МИ ГО КАЖА ОВА И МНОГУ И БЛАГОДАРАМ: За 30. години брак не сум имала ниту еден проблем ниту со мажот ниту со децата!

Сопругот е прекрасен, а децата се образовани и успешни Ако вашиот семеен живот ПУКА ПО …