(ФОТО) Принцезата Шарлот полни 5. години, многумина забележале занимливост:„Нејзина слика и прилика е!“

Британската принцеза Шарлот, ќерка на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, го слави својот петти роденден – и објавени се четири нови фотографии од младата принцеза.
Фотографиите се направени минатиот месец од нејзината мајка во имотот „Сандрингам“ во источна Англија, каде семејството помогнало во пакување храна за изолирани пензионери од локалното подрачје.


Многумина веднаш ја забележале семејната сличност. „Таа изгледа како кралицатакога била дете“, „Таа е убава, многу слична на кралицата и нејзината внука Сара Чато“, „Слика и прилика на кралицата Елизабета“, напишаа многумина.

Минатиот месец, прабабата на Шарлот, кралицата Елизабета, најдолгиот владеечки монарх во светот, наполни 94. години.
Сепак, немаше прослава бидејќи цела Велика Британија беше ставена во карантин поради борбата против коронавирусите – најлошата национална криза од Втората светска војна.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Идеја за појадок (или десерт): Леб од темно чоколадо и банана

Ви претставуваме рецепт за идеален и вкусен појадок со додаток по ваш избор Овој појадок …