Мајк Тајсон воодушешил со вештината, брзината и силовитоста што ги демонстрирал со видео од тренинг објавена на Инстаграм.
Видеото, на кое се гледа 53.годишникот како испорачува канонадаод удари кои одекнуваат како експлозија, брзо се изместува и на крајот „испукува бомба“ со десната рака, за десет часа го погледнале пет милиони луѓе.
„Јас сум лошо момче засекогаш“, прокоментирал Тајсон, со спектакуларна слика од самиот себеси во акција, лансирајќи лавина коментари, меѓу кои се издвојува непоразениот шампион на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов: „Не можам да верувам во тоа. Ова е сосема друго ниво“.
„Брат, ме натера да поминувам низ ‘ебениот ѕид’. Се упатувам кон теретана …“, открил The Rock дека бил инспириран од Iron Mike.