Презентерот на Си-Ен-Ен, Андерсон Купер станал татко на 52.годишна возраст, а гордиот татко порачал дека во толку тешко време, потребно е да се задржиме на оние моменти што нè прават среќни.
Андерсон објавил фотографија на која го држи својот три дена стар син, и напиша во емотивна објава дека малечкиот Вајат Купер, со тежина од 3,2 килограми при раѓањето, го добил името на неговиот татко, кој починал кога Андерсон имал само 10. години.
“Се надевам дека ќе бидам добар татко како него. Мојот син е сладок, мек, здрав и среќен сум. Како геј дете, никогаш не мислев дека ќе станам татко”, напишал тој, заблагодарувајќи им се на сите што во денешно време го обозможиле тоа.
Тој исто така напишал дека им е благодарен на сите лекари и медицински сестри кои биле на раѓањето на неговиот син, но и на сурогат мајката што го донела на свет.
„Сурогат мајката која го донесе мојот син на свет има прекрасно семејство, сопруг и деца кои и пружија голема поддршка и ние сме благословени што го имаме ова семејство во нашите животи“, додал водителот.
Веста,пренесува Си-Ен-Ен, била големо изненадување за гледачите затоа што Купер не зборувал јавно за тоа дека сака да има деца.

(ФОТО) Славниот водител добил син:„Како геј ориентирано дете никогаш не помислив дека тоа е можно!“
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.