(ФОТО) Вселенска карпа побрза од куршум: Кон Земјата оди астероид со големина на најгоемата зграда во светот

НАСА тврди дека нешто непредвидено би можело да се случи во секое време
Американската агенција за воздушни истражувања и развој на вселената (НАСА) сподели неверојатна фотографија на џиновскиот астероид што ќе лета покрај планетата Земја оваа недела, пренесува Mirror.
Астероидот, наречен 1998 OR2 (прв пат забележан во 1998. година), се предвидува дека има дијаметар помеѓу 1,8 км и 4,1 км. Во случај на максимална проценка, тоа значи дека оваа вселенска карпа би можела да биде пет пати поголема од големината на Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот! Астероидот ќе лета покрај Земјата во среда, а во пресрет на неговиот премин, научниците на радарот „Аречибо“ споделија зачудувачка фотографија од вселенската карпа.
Астероидот ќе помине покрај нашата планета во среда навечер, а потоа ќе биде оддалечен 5,5 милиони километри од Земјата. Иако ова може да звучи далечно, НАСА го класифицира како „близок пристап“.


За време на „седбата“, OR2 ќе лета со зачудувачка брзина од 31.000 милји на час, приближно 9,5 пати побрзо од куршумот! Со оглед на тоа колку далеку ќе биде астероидот нема да биде видлив со голо око.
За среќа, шансите за огромен судир со астероид со Земјата се мали. Сепак, НАСА не ги отпиша шансите за астероидна несреќа во блиска иднина. Како што велат, било што непредвидено може да се случи во секое време.
Експертите проценуваат дека ударот на некој предмет со големина на оној од 2013. година што експлодирал над Чељабинск во Русија (17 метри) се случува еднаш или двапати во еден век. Претпоставката е дека влијанијата на поголемите предмети ќе бидат уште поретки (опфаќајќи растојанија од векови до милениуми). Но, непредвидените настани како оној во Чељабинск не можат да бидат исклучени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Идеи за уредување: Како малиот стан да изгледа пространо!

Дизајнерката за уредување на ентериери Челзи Браун живее во стан од 48. квадратни метри во …