(ВИДЕО) Бред Пит се маскирал во моментално најпопуларниот Американец и го исмевал Трамп!

БРЕД ПИТ емисијата Saturday Night Live се маскирал како доктор Ентони Фаучи, советник од Белата куќа за пандемија на коронавирус, откако самиот Фаучи изјавил дека би сакал токму Бред Пит да го игра.
Д-р Фаучи стана еден од омилените во Америка откако започна пандемијата на коронавирус.
Актерот анализирал и исмејувал изјави на американскиот претседател, Доналд Трамп, кои ги вознемириле и’ американската и светската јавност.
Поточно, минатата недела Трамп предложи Ковид-19 да се лекува со инјектирање на средства за дезинфекција на пациентите, предизвикувајќи лавина од згрозување на јавноста и осуда од светската здравствена заедница, а по таа изјава, во САД се пријавени голем број на лица кои бараат лекарска помош поради труење.

„Кога претседателот рече дека секој може да се тестира, тоа всушност значи – никој“, наведува Бред Пит во улогата на д-р Ентони Фаучи.
Тој се осврнал и на изјавата на Трамп дека вирусот еден ден ќе исчезне.
„Чудо би било прекрасно, кој не сака чуда. Но, чудото не треба да биде план А“, рекол актерот.
Што се однесува до изјавата за третман на корона вирусот со средства за дезинфекција, Бред ги покри очите со дланката, велејќи:
„Знам дека не треба да го допрам лицето. Сега можам да очекувам отказ“.
На крајот од видеото, тој ја симнал перика и им се заблагодарил на Фаучи и на сите лекари кои вложуваат големи напори во борбата против коронавирусот.
Фауци дури се нашол и на списокот на најсексипилните мажи, на кој Пит веќе е навикнат.
На прашањето на новинарката за покренување петиција насочена кон тоа да го прогласат за најсекси маж на 2020 година од магазинот „People“, добродржечкиот доктор одговорил: „Кога ми го покажуваат ова на моја возраст, им велам: Каде бевте кога имав 30 години?“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЧЕСТИТКИ: Сара Климоска во Берлин ја прими наградата „Европски актер во подем“

Македонската актерка Сара Климоска вчера во Берлин ја прими наградата „Европски актер“ во подем за …