(ФОТО) Ослабнала 70. килограми па нашла љубов :„Не спои ‘топењето килограми…’“

Во најдебелата фаза од нејзиниот живот, Канаѓанката, Десире Хант, тежела скоро 130. килограми. Не можејќи да го прицврсти безбедносниот каиш во авионот, таа се чувствувала депресивно и се држела во себе. Таа одлучила да го промени животот…
„Бев депресивна, не се чувствував добро и сето тоа го држев во себе. Јадев нездраво и воопшто не вежбав“, изјавила Десире Хант. Кога не можела да го стави безбедносниот каиш во авионот и се исплашила да го каже тоа, сфати дека ќe треба да го промени животот.


На своето фитнес патување тргнала пред осум години. На почетокот пробувала разни диети, апчиња за слабеење и други „трикови“, но сфатила дека не функционират. Таа започнала да истражува каква храна и одговара и како да ја прилагоди диетата. Таа започнала со неколку лесни вежби, а потоа ги засилила. Сето ова довело до неверојатен резултат – за 18 месеци таа изгуби дури 70 килограми.
„Конечно се чувствував добро и среќно. Сфатив како можам да го подобрам животот“, рекла Десире. Таа започна да ги споделува своето искуство и совети со другите. Таа стана лиценциран нутриционист и фитнес тренер, па сега дава совети на секој што сака да изгуби тежина.


На нејзиното „фитнес патување“ се запознала и со сегашниот партнер, Кевин Милер. И тој, како неа, се обидувал да изгуби тежина. И’ успеал во тоа. Сега тие тренираат заедно и се задоволни од нивниот напредок и, како што вели, нивниот нов подобар живот.
„Не здружи желбата да изгубиме тежина. Ние сакаме да бидеме пример за другите. Ако ние можевме да изгубиме тежина, можете и вие“, вели овој фитнес пар.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина новинарот Тодор Пендаров – Беше жива енциклопедија

Новинарот и аналитичар Тодор Пендаров вчера по долго боледување почина во Скопје. Причината е Ковид …