(ВИДЕО) ПАНДЕМИЈА НА КОРОНА ВО СВЕТОТ: Заразени повеќе од 2,8 милиони луѓе, Јапонија забрзано гради болници за заболените од вирусот

* Вкупно 2.831.860 луѓе се заразени со Коронавирус а 197.318 умреле
* Од корона се опоравиле 807.010 лица
* Вкупно 925.232 лица се заразени во САД а 52.113 починале
* Во Шпанија, 219.764 луѓе се разболеле, а 22.524 починале
* Во Италија ае заразени 192.994 лица, а 25.969 починале
* 159.828 луѓе се разболеле во Франција а 22.245 починале
* Во Германија се заразени 154.999 луѓе и 5.760 умреле
* Во Велика Британија се заразени 143.464 лица а починале 19.506


Јапонија забрзано гради болници за заболените од корона вирус
Јапонија, која до неодамна беше една од поуспешните земји во контролата на ширењето на Ковид-19, сега има над 3.500 заразени во Токио и започнала со изградба на болници како дел од борбата против вирусот корона.
Во февруари и март, Јапонија успеа да ги потисне раните фокуси на вирусот и да го задржи бројот на инфекции под илјада, јавува Би-Би-Си, но сега, повеќе од 3.500 случаи се потврдени само во главниот град, со повеќе од 12.000 заразени на национално ниво.


Кина не прифаќа меѓународна истрага за потеклото на корона вируст
„Пекинг не прифаќа повици за независна меѓународна истрага за потеклото на корона вирусот во Кина“, изјавила кинеската амбасадорка во Велика Британија, Чен Вен.
Чен за Би-Би-Си изјавила дека повиците за таква истрага биле политички мотивирани.
Таа рекла дека таквата истрага ќе ги одврати кинеските власти од борбата против самата пандемија КОВИД-19.


Франција не ги отвора рестораните, с еподготвува за вториот бран на пандемијата
Ресторани, барови и кафеата во Франција нема да се отворат пред јуни, иако повеќето француски компании, затворени поради пандемија на корона вирусот, треба да бидат отворени на 11-ти мај.
Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјавил дека одлуката за датумот на отворање на угостителските установи нема да биде донесена пред крајот на мај.
Ле Мер рекол дека владата ќе ги одложи даноците на компаниите на кои нема да им биде дозволено да започнат со работа во мај.
Тој додал и дека малите бизниси со помалку од 20. вработени можат да аплицираат за помош до 10.000 евра.

РЕГИОН
Словенија – 1.373
Хрватска – 2.009
БИХ – 1.421
Црна Гора – 319
Албанија – 678
Србија – 7.483
Македонија – 1.326
Бугарија – 1.234
Грција – 2.490

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Девојка споделила совети за љубовни состаноци: „Ако ги слушнете овие три работи, бегајте што побргу“

Запознавањето и воспоставувањето романтична врска често не е лесно, а една девојка на Тикток објаснила …