(ФОТО) ВО СЛУЧАЈ КОРОНА ВИРУСОТ ДА НАПРАВИ ХАОС – ОТКРИЕН ТАЈНИОТ ПЛАН НА ВОЈСКАТА НА САД: Трамп ја евакуира Белата куќа и оди во бункер – Еве за што точно станува збор!

Поради пандемијата на коронавирус, во САД се зголемува стравот дека болеста може да „осакати“ многу големи институции, како што е Конгресот или Врховниот суд, поради што е планирано на сила да стапи планот за евакуација на Белата куќа и преместување на водачите на оддалечени локации и карантини.
Исто така, се стравува од зголемено насилство или недостиг на храна и ова е првпат војската да се соочи со овој проблем. Според „Newsweek“, пред три недели биле преземени наредби за да се подготват чекори за активирање на тајниот план кој не само што ќе го заштити Вашингтон, туку ќе и даде на војската поголем авторитет.
Како ќе функционира овој систем и под кои услови Трамп би бил принуден да ја напушти Белата куќа и да оди во подземен бункер?


На 17 април, самиот Трамп го активирал планот за евакуација на Белата куќа и федералните агенции лоцирани во градот Вашингтон, во целина.
Единицата NCR (National Capital Region /Национален претседателски регион), која има статус на здружена армиска група (JTF– Joint Task Force)) во која има и до 10,000 вработени, е ставена под целосен аларм. Повеќето од нив се резервни офицери кои не носат униформа, но јадрото на групата е составено од единици на командоси и чувари кои мора да бидат во постојана приправност.
Тоа е мерка за мобилизација која се спроведува само во вонредни околности.
Исто така, постои и таканаречениот ЈЕЕП – план за итна евакуација на Пентагон во вонредна ситуација, кој стапува во сила по наредба на шефот на државата.


Поретставник на Националната гарда на Илиноис, Адам Ковалски рекол: „Ние сме единица за брза реакција која може да мобилизира други сили околу Вашингтон за да ги евакуираат луѓето. Ние сме нешто како големо такси кое гарантира дека сите ќе пристигнат на нивната дестинација “.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) КОГА ПАРИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ТИ КУПАТ СРЕЌА: Атина Оназис – сопругот немилосрдно ја изневерувал, никогаш не ја преболела смртта на саканата личност, многу трагедии и го одбележале животот

Проклетството на семејството Оназис не ка одбегналоЖивотот на Атина Оназис, и покрај нејзиното потекло и …