СЕ’ ЗА УРМИТЕ: Зошто би требало да ги јадеме секој ден!

Урмите се овошје кое недоволно се користи во исхраната а е многу хранливо и богато со многу витамини кои се корисни за нашето здравје. Урмите се извор на фруктоза, што е природен вид овошен шеќер.

Поради оваа причина, урмите се многу слатки и имаат суптилен вкус сличен на карамел. Тие се одлична здрава замена за белиот шеќер. Урмите содржат неколку минерали, вклучувајќи фосфор, калиум, калциум и магнезиум. Урмите се честопати предмет на истражување заради нивниот потенцијал да спречат заболувања на коските, како што е остеопороза.

Еве 5 причини зошто треба да јадете урми:


Тие ја ублажуваат болката
Урмите содржат магнезиум што ја ублажува болката. Тие исто така го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и артритис.

Алергии
Тие содржат голема количина органски сулфур што е многу корисен за нашето здравје, вклучително и намалување на алергиските реакции.

Тие го подобруваат варењето на храната
Тие се корисни против запек и други дигестивни нарушувања.

Бременост
Урмите го олеснуваат породувањето. Тестовите покажуваат дека жените кои јаделеурми за време на бременоста имале полесно пораѓање.

Висок крвен притисок
Магнезиумот во урмите го намалува крвниот притисок, а калиумот е одличен за протокот на крвта.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Генијално! Три правила на ФЕНГ ШУИ за подобар СЕКС

Кинеската филозофија за просторно планирање не запира со изненадувања … Атмосферата во спалната соба директно …