(ВИДЕО) СУДБИНИ – ЈА ЗАГУБИЛА РАБОТАТА ПОРАДИ КОРОНА А ПОТОА ПРЕЖИВЕАЛА ПЕКОЛ: Минала 9. дена во кома – „Среќна сум што сум жива иако не знам како ќе ја платам сметката од 11.000 долари!“

Ли Бломберг од Висконсин, каде рестриктивните мерки се продолжени до 26. мај, се опоравува од инфекција со корона вирусот и сака сите што протестираат во Америка,поради мерките со карантин „да престанат да плачат и лелекаат“, пренесува Си-Ен-Ен.
“Поминав девет дена во индуцирана кома, на респиратор. Поминав уште девет дена на интензивна нега, и поради лековите, имав ужасни халуцинации”, ја започна Ли својата приказна на Фејсбук.
“Морав повторно да научам како да одам затоа што мускулите ми атрофираат од лежењето во кревет две недели. Среќен сум што сум жива. Останете во вашите куќи. Земете ги парите што ви ги дава владата. Престанете да се жалите и бидете благодарни за вашето здравје. Му благодарам на гувернерот Тони Еверс што се грижи повеќе за нашето здравје отколку за богатството“, истакнала таа.

Нејзиниот пост наишол и на пофалби и на критики бидејќи стотици демонстранти низ целата земја бараат укинување на карантинот и повторно отворање на деловните активности.
Ли рекла дека сочувствува со демонстрантите кои „крпат крај со крај“, истакнувајќи дека таа самата ја изгубила својата работа како рецепционер за време на пандемијата. Но, таа се согласува дека земјата не е подготвена повторно да се отвори бидејќи пандемијата сè уште не е под контрола.
Постојат повеќе од 850.000 заразени со кодона вирусот во САД, според универзитетот Џон Хопкинс, додека скоро 50.000 умреле во последните два месеци.
“Ако сте во болнички кревет, сигурно не заработувате пари. Уште повеќе, добивате уште поголем долг. Ако сте мртви, веќе не е важно – нема да можете да ги обезбедите вашите семејства“, рекла Ли за Си-Ен-Ен.
Како и многу други, Ли не мислела дека ќе има сериозни компликации поради инфекција со корона вирус. Таа на 19. март почнала да чувствува симптоми слични на грип.

„Се чувствував како да ме удрил камион. Целата енергија исчезна, секој дел од моето тело беше повреден“, вели таа. Ли признава дека нејзиното закрепнување после тоа најтешко и паднало.
„Морав повторно да научам да одам бидејќи мускулите ми беа како никогаш да не ги користев“, рекла таа, додавајќи дека за туширање, кое некогаш траело 15 минути, и биле потребни 45.
Нејзината агонија била дополнително проширена со сметката во болницата – досега, таа должи 11.000 долари, што е само дел од трошоците.
„Не само што веќе немам работа, немам ниту да ја платам таа сметка“, вели Ли.
Таа се надева дека нејзиното искуство ќе ги спречи другите да страдаат од истото и затоа ги охрабрува демонстрантите да останат дома и да го почитуваат карантинот.
“Еден куп од нив нема да го разберат тоа сè додека не им се случи на нив или на некој што го сакаат. И навистина е тажно. Ако мислите дека сега работите се лоши, тогаш ќе бидат страшни ако се разболите па добиете сметка со пет – шест бројки – тогаш ќе биде најлошо“, заклучила Ли.

Извор: CNN

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТАЈНА ЗА СРЕЌЕН БРАК – НА ДЕНОТ НА ВЕНЧАВКАТА МИ ГО КАЖА ОВА И МНОГУ И БЛАГОДАРАМ: За 30. години брак не сум имала ниту еден проблем ниту со мажот ниту со децата!

Сопругот е прекрасен, а децата се образовани и успешни Ако вашиот семеен живот ПУКА ПО …