(ВИДЕО) ИБРА ПОВТОРНО ОДБЕЛЕЖА ИСТОРИЈА: Го постигна првиот гол во пост – корона ерата на фудбалот!

Златан Ибрахимовиќ не би бил тоа што е доколку секогаш не биде прв во нешто, а па се потруди тоа да го постигне и во пост – корона фудбалската ера…
Шведскиот легендарен фудбалер, Златан Ибрахимовиќ, денеска одигра пријателски меч за тимот на Хамарби, во кој има купени поголем број акции и воедно го постигна својот прв погодок во пост-корона ерата во меѓународниот фудбал.
Клубот објавил дека контролната не може да се дефинира како официјален натпревар, туку повеќе како тренинг сесија. Хамарби и ФК Фреј беа поделени во три екипи и одиграа два меча од по 30 минути. Фудбалерот на Милан го откри резултатот непосредно по почетокот на натпреварот. Тој беше сам против голманот, напредуваше и ја испрати топката поред голманот. Калили реализираше за 2-0 за крај на натпреварот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина славниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ

Душан Дуда Ивковиќ почина на 78 -годишна возраст, а веста ја потврди првиот човек на …