Ла Лига – Без навивачи додека не се пронајде вакцина против корона вирусот

Натпреварите со 100.000 луѓе не се проблематични само за гледачите на стадионот, туку и поради нивното движење кон него…
Епидемиолозите во Шпанија сметаат дека фудбалските натпревари во таа земја нема да се играат пред публика до крајот на годината и повикуваат стадионите да бидат затворени се’ додека не се најде вакцина против коронавирус.
Шпанското првенство беше прекинато на 13. март, а не е познато во овој момент кога би можело да се продолжи. Премиерот Педро Санчез во средата изјави дека има намера да ги олесни мерките за ограничено движење на населението во втората половина на мај, но не дал детали.


„Полека ќе ги олеснуваме воведените мерки за ограничување на движењето на жителите, но ми се чини дека ‘Камп Ноу’ или ‘Сантијаго Бернабеу’ ќе бидат отворени дури на крајот. Тие се последни во редот“, рекол Хуан Рамон Вужилалби, член на Шпанското здружение на лекари (Сеспас).
„Натпреварот со 100.000 луѓе не е проблематичен само заради гледачите на стадионот, туку и поради нивното движење кон него. Јавниот превоз би бил огромен ризик за ново ширење на вирусот“, додал тој во интервјуто за весникот „Ел Паис“.
Шпанија, со 208.000 заразени жители, е земја со најголем број пациенти во Европа. Во последниве денови, стапката на пораст на бројот на новозаразени е два проценти.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Зверев признал дека боледува од дијабетес

Александар Зверев јавно признал дека со години боледува од дијабетес и најави формирање на фондација …