(Рецепт) Искористете ги велигденските јајца – направете паштета која ќе внесе нешто ново но вкусно во менито!

Ова вкусно предјадење е неодминливо на прославите,а лесно се пдоготвува. Ако ви преостанале велигденски јајца, направете ја оваа феноменална паштета за појадок или вечера.
Состојки:
1/2 главичка кромид (може и бел дел од млад кромид)
2 варени јајца
240 г туна во конзерва
100 г путер
малку сенф
сол, црн пипер
сок од лимон
вочестер сос
Подготовка: ситно исечкајте го кромидот. Путерот пенесто изматете го, а варените јајца и туната иситнете ги во блендер. Во путерот вмешајте ги кромидот, јајцата и туната. Додајте сенф, сол, црн пипер, вочестер сос и малку сок од лимон.
Се’ добро измешајте и изладете.
Паштетата најдобро „оди“ со препечен леб.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Каква е поврзаноста помеѓу контактот со очи и заљубеноста? Научниците имаат интересни одговори!

Се прашувате дали личноста што ви се допаѓа ги споделува вашите чувства? Психологијата вели дека …