СЛИКА КОЈА КРУЖИ ПО СВЕТОТ – ФОТОГРАФИЈА НА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА НА ПРВАТА ЛИНИЈА НА ОДБРАНА: „Ова се мојот маж и децата! Поради КОРОНА ја донесов најтешката одлука!“

Џеј Шорт е медицинска сестра, а поради претпазливост, таа со недели семејството го гледа на овој начин. Таа ја објави сликата на социјална мрежа за да им објасни на луѓето дека не треба да играме со корона вирусот
„Јас сум на фронтот на пандемиска одбрана. Моето бебе е родено минатата година и се бори со респираторни инфекции уште од раѓање. Бројот на пациенти се зголемува, моите колеги се заразени и постојано сум во контакт со заразените. Поради сето ова, ова е единствениот начин како ќе го гледам моето семејство во следните неколку месеци.
Тоа е најтешката одлука што сум ја донела досега. Не сакам да ги оставам, но би било себично од мене да бидам со нив. Ми се крши срцето.
Го оставам семејството и децата за да можам да одам на работа и да се грижам за другите на кои им треба помош. Ќе го ризикувам сопствениот живот доколку е потребно, но не сакам да го загрозам семејството. Затоа ве молам и ве молам да останете дома. Само следете ги правилата и препораките. Ова не е празник, луѓето умираат.

This is my family, my 2 sons my daughter and my partner this is how I get to see them now, through a window for a few…

Gepostet von Jay Short am Mittwoch, 8. April 2020

Немојте да ви се случи некој ваш да умре и да се прашувате дали можеби сте придонеле за тоа. Седуммина мои колеги веќе починаа. Помогнете ми. Сакам да им се вратам на моите деца, сакам да ги искапам, да ги ставам да спијат, да ги бакнам. И не можам да сторам ништо од ова сè додека не помине ова, а ќе помине ако сите ние ги почитуваме правилата. Животот ми е свртен наопаку, но се жртвувам себеси во корист на сите нас“, вели оваа сестра на Фејсбук.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Преправена“ виенска чоколадна торта

Никогаш доволно рецепти за десерти кои се подготвуваат брзо и едноставно, а воодушевуваат со вкусот. …