ФРАНЧЕСКО ТОТИ, во јавување во живо на Инстаграм признал дека нема да зачекори на тренинг-теренот на Рома сè додека Џејмс Палотта е претседател на клубот.
Легендарниот принц на Рим бил принуден да се пензионира кога не му бил понуден нов договор на 40-годишна возраст, а како што е познато Тоти одби да игра за кој било друг клуб,па тој немаше друг избор освен да се пензионира. Тоа сè уште го боли.
„Не сакав да престанам да играм фудбал затоа што се чувствував добро. Не сакав да играм засекогаш или да принудам некого да ме стави во игра“, рекол Тоти на Инстаграм во разговор со Лука Тони:
“Не сакав да го расипам сè она што го направив во Рома, па затоа повеќе сакав да се пензионирам отколку да играм на друго место. Не сум глупав, немам 10. години, но сум во добра форма. Можев да бидам среќен само да бидам дел од соблекувалната, да му помогнам на тренерот кога ќе згусти и да им помагам на младите играчи. Кога и да влегував од клупата, стадионот беше во оган, таа атмосфера беше корисна за сите.Тие ми рекоа дека јас ќе одлучам за пензија и тогаш ме турнаа настрана.Разочаран сум, па јас нога би исекол за Рома “, додаде Тоти.
Ги запира солзите
Кога се пензионираше, Тоти кратко работеше како еден од директорите во клубот, но поднесе оставка откако истакна дека не е задоволен од начинот на кој Палота го води клубот.
“Се додека ситуацијата е ваква, јас нема да стапам во Тригори. Секој пат кога ќе го носам син ми Кристиано на тренинг, останувам пред вратата. Понекогаш седам во автомобилот и се борам да не заплачам кога ќе се сетам дека после 30 години не можам да стапнам овде”, рекол тој.
„Отидов и тоа е тоа. Јас сè уште имам многу пријатели зад таа врата.И’ мојот син често ме прашува да дојдам да го гледам, но не можам, тоа би ме убило“, заклучил Тоти.