Утре е Велики Петок, најтажен ден во христијанството: Обичаи и верувања за денот од Страдалната Седмица, денот кога е распнат Исус Христос…

Во светиот и Велик Петок ги славиме светите, спасителни и страшни страдања на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, коишто Он заради нас доброволно ги прими: плукањето, биењето, шлаканиците, навредувањата, исмејувањето, багреницата, трската, сунѓерот, оцетот, клинците, копјето и, на крајот – Крстот и смртта, а сето тоа се изврши во петок. Затоа, богоносните отци ни заповедаа да вршиме спомен на сè она што се збидна оној Петок, со скрушеност на срцето и со умиление. Треба да се знае дека Господ беше распнат во шестиот ден, односно во петок, затоа што во почетокот човекот беше создаден во шестиот ден. И тоа што во шестиот час од денот Он висеше на Крстот, беше затоа што во тој час, како што велат, и Адам ги пружи рацете кон забранетото дрво, го допре и умре. Бидејќи требаше, во оној час кога бидна падот, во истиот час да биде и пресоздавањето. Некои светители велат дека, според извесни преданија, на местото Голгота бил погребан од некој ангел самиот праотец Адам. А таму каде што е трупот, таму доаѓа и орелот – Христос, вечниот Цар, Новиот Адам, Кој стариот и паднатиот преку дрвото Адам, го исцелува со дрвото на крстот.


На Велики петок се пости. Обичај е тој ден да се вапцат велигденски јајца, најчесто со црвена боја која ја симболизира крвта на Исус. На денот на страдањето на Христ не се пее и не се весели…
Христијаните кои се придржуваат до Јулијанскиот календар утре го одбележуваат Велики петок, денот кој го симболизира страдањето на Исус Христ и неговото распнување на крстот на Голготата.
Велики петок се смета за најтажен ден во христијанството. На тој ден не се служи литургија, освен ако е Благовештие. Се верува дека тој ден Исус е одведен од куќата на првосвештеникот Кајафа кај римскиот прокуратор Понтие Пилат кој го осудил да биде распнат на крст.
Гледајќи што народот и војниците прават со него, рекол:„Татко, прости им бидејќи не знаат што прават“.


На Велики петок се пости. Обичај е тој ден да се вапцаат велигденски јајца, најчесто со црвена боја која ја симболизира крвта на Христ. На Велики петок не се пее и не се весели.
Од Велики четврток до Велигден (недела) кога, според верувањето, Исус воскреснал, не ѕвонат црквени ѕвона бидејќи тие во православната црква се знак на радост.
Црвени букви, па ништо не се работи
Велики петок строго се празнува. Тој ден е бележан со црвени букви па поради тоа не се работи ништо ниту од домашните, ниту од полските работи. Жените тој ден по никоја цена не смеат да земат игла во рака бидејќи се верува дека на рацете ќе им се појават плускавици. Тој ден се почитува строг пост, во домот не се пали оган, не се готви па дури ниту леб не се меси. Меѓутоа, се смета дека најтажниот ден во годината е одличен за калемење на овошјето бидејќи „се фаќа се’ што тој ден ќе се калеми“.


На овој ден не треба да се јаде коприва
Се верува и дека на Велики петок не смее да се јаде коприва, а освен ова има уште почудни нехристијански обичаи и верувања како оној кого „го прободува“ стомакот на тој ден и на тоа место тој ден треба да стави одрана кожа од убиен зајак, како и дека жената неротка која сака деца треба да испие малку крв (?!) од убиен зајак,на тој ден.

Девојките ќе го сонуваат идниот сопруг
Исто така се верува дека девојките кои на Велики петок ќе украдат цвеќе од црквена порта и го стават под перница во ноќта спроти Велика сабота ќе го сонуваат својот иден сопруг. Се верува и дека оној кој утре ќе ја измие косата цела година нема да го боли глава и дека куќата треба малку да се измети со метла, а потоа таа метла да се фрли, со неа се чисти злото од куќата и домаќинството


Кој ќе ја бакне плаштеницата нека си замисли и желба

Плаштеницата се поставува на посебно украсена маса (гробот на Христ), пред олтарот. Во некои наши краишта, обичај е верниците после целивањето на плаштеницата, да се провлекуваат под масата на кој е поставена плаштеницата. По народно верување, при провлекувањето треба да се помоли на Бог и да помисли убава желба и дека таа желба ќе биде исполнета. Во овие денови црквата заповеда најстрог пост без риба и масло.
На Велики петок е пожелно да не се јаде ништо!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е спомен на Светиот маченик Јулијан Тарсиски: Чуда на неговите мошти во Антиохија

Православната црква денеска го одбележува споменот на Светиот маченик Јулијан Тарсиски Од благородно, сенаторско потекло; …