(ФОТО) Убава вест:Популарниот фудбалер ја победил леукемијата!

„Синиша не е човек, тој е ѕвер“, вели Хулио Рикардо Круз,
Соиграчот на Миха од Интер, откри дека се слушнал со српскиот стручњак
Во време кога нè опкружуваат тешки вести, се појавуваат и по некои добри вести. Убава! Синиша Михајловиќ ја завршил борбата со леукемија, според неговиот поранешен соиграч од Интер, Хулио Рикардо Круз.
„Синиша не е човек, тој е ѕвер“, истакнал познатиот фудбалер.
Аргентинецот и Србинот биле соиграчи во клубот во Милано две години, а потоа Синиша го тренирал уште една година, кога од „копачки“ се префрли во стручниот штаб на Роберто Манчини, па Круз имал можност да ги запознае и двете верзии на Михајловиќ.
Сега, многу години подоцна, по телефонскиот разговор со другарот од играчките денови, тој ја откри добрата вест за дневникот „Кориере дел Сера“.


„Го повикав пред неколку недели. Фала му на Господ, се чини дека леукемијата ја оставил зад себе“, открил поранешниот ас на Интер и продолжил:
„Неговото семејство и моето се многу блиски, па затоа нашите жени често се слушаат по телефон“, рекол Круз, стрелец на 75 голови на 197 натпревари.
Иако сè уште нема официјална потврда од семејството Михајловиќ, се надеваме дека Круз е во право и дека Синиша навистина победил во оваа неизмерно тешка битка. Едно е сигурно, Михајловиќ во моментов е во Рим, каде што дошол од Болоња по советите на лекарите и пријателите, бидејќи северна Италија станала главна фокусна точка на коронавирусот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) КАПИТЕНОТ НА ШВАЈЦАРИЈА – Џака победата против Србија му ја посветил на косовскиот херој, а потоа смислил генијален начин ФИФА да не го казни

Синоќешната средба меѓу Србија и Швајцарија изобилуваше со инциденти, а и по средбата ситуацијата не …