(ВИДЕО) ПРИЈАТНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Децата им направиле церемонија на родителите по откажувањето на венчавката поради корона вирусот

Ким-Мари Жерард (36) и нејзиниот партнер Марк Тот (42) требало да стапат во брак овој месец, но морале да се откажат од своите планови поради пандемијата на коронавирус. Сепак, нивните деца им го разувжбавиле тој ден.
Десетгодишниот Луис и осумгодишната Руби ги изненадиле своите родители со тоа што организирале церемонија за нив во дворот на нивниот дом во Чедлтон, Англија, Стафордшир. Ким-Мари беше облечена во фустан додека Марк го облекол најдобриот костум. Луис ја презел улогата на матичар, а за снимање била задолжена неговата помлада сестра Руби.
„Тие подготвија сè во дворот, нивните кадифен играчки на столчињата беа како гости. Тие средија се за да нивните родители се венчаат“, рекол Марк.
„Апсолутно сме воодушевени. Не знаевме што ни подготвуваат сè додека не не разбудија и ни рекоа да се подготвиме за венчабка“, додала Ким-Мари.


“Добредојдовте на свенчавката на мама и тато. Коронавирусу, нема да нè запреш денес. И благодарам на Фреја за тортата и на Сем за цвеќињата. Да почнеме”, рекло момчето на почетокот на церемонијата.
Се разбира, парот, исто така, планира и официјално да стапи во брак по пандемијата на коронавирус.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи во вашиот организам ако јадете ДВЕ ЛАЖИЧКИ МЕД секој ден? Канадските научници дојдоа до многу интересни податоци

Еве како редовното консумирање мед може да влијае на организмот Канадските научници истражувале и утврдиле …