(Фото галерија) Хари и Меган ја купуваат куќата на Мел Гибсон на Малибу!

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган, наводно, ја купуваат вилата на Мел Гибсон во Малибу за 12. милиони фунти, што ќе биде нивниот дом во иднина, јавуваат британските медиуми.
Пред Гибсон, сопственик на вилата со две базени со приватна теретана и убав пристап до плажа, бил и актерот Дејвид Духовни до 2008. година, пренесува Daily Mail.
Како што се наведува, кралската двојка кон крајот на минатиот месец од Ванкувер се преселила во Калифорнија, а агентот за недвижнини наведува дека се заинтересирани за вила со пет спални соби.
Веста за прв пат беше објавена на својот Инстаграм од агентот Андреа Пилот, кој напиша „Голема вест – принцот Хари и Меган како ја купуваат куќата на Мел Гибсон“.


Агенцијата што ја продава куќата објавила, кога биле прашани од новинарите дали Хари и Меган ја купуваат куќата, дека сè уште не бил потпишан договор, но дека тие биле „многу блиску“.

Меган се породи пред скоро една година и на свет го донесе малечкио Арчи. Бебе Арчи е родено на 6-ти мај и наскоро, најверојатно, ќе го прослави својот прв роденден во куќата на славниот холивудски актер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА: Денеска се регистрирани 27. нови случаи на Ковид 19 – 19. лица ја загубија битката

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …