„Со неизмерна тага, соопштуваме дека денес, засекогаш не напушти почитуваниот
професор д-р Томе Манчев (1950-2020).
Со неговото заминување, македонската музичка култура загуби еден од своите најголеми композитори на современието, кој со својата инспирација и неуморна работа имаше да даде уште многу квалитетни и знаменити дела.
Националната опера и балет го загуби својот почитуван колега и професор, кој со својата педагошка посветеност, активно делуваше во процесот на едукација на поголемиот број наши вработени.
Длабоко сочувство до семејството.
Почивајте во мир, почитуван колега и професоре!“, се вели во соопштението на Национална опера и балет.

ИН МЕМОРИАМ – д-р Томе Манчев
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.
✕