Фото: FrozenTimeDrops

Matej Foltz: За фестивалот Андерфест ги планирам најсвежо извадените песни !

Матеј Фолц (Matej Foltz) во последнава година може да се каже дека стана еден од најпопуларните хип хоп изведувачи во нашата држава. Тој полека почна да ја освојува публиката желна за оваа музичка сцена, а овој месец имаше и закажан настап на фестивалот Андерфест, но поради вонредната ситуација, фестивалот и неговиот настап мораше да се одложат за во есен. На кратко поразговаравме со него:

1. Ти се еден од најзначајните ликови денес на хип хоп сцената во Македонија. На што се должи тој успех?

Правам нешто што би сакал јас да го чујам кај нас, и изгледа дојде до внимание на дел од луѓето кои се тука, најверојатно и тие сакале да чујат нешто слично кај нас.

2. Во последно време си многу активен. Како реагира публиката на твоите настапи? Што најинтересно би издвоил од меѓусебниот контакт кој го имате?

Изненаден сум од нивната реакција и поддршка која што не ја очекував, но мило ми е што постои. Убаво е да се види дека тоа што сум го направил им значи на некоја група на луѓе.

3. Каде до сега сте го имале вашиот најдобар настап?

До сега најдобриот настап сме го имале на Beerfest заедно со момците од ЗиБомб.

4. Во април сте најавени на фестивалот Андерфест. Каква изведба планирате и што ќе имаат прилика да видат твоите обожаватели таму?

Ги планирам најсвежо извадените песни, но исто така сакам да изведам и некои од постарите кои ми имаат останато како омилени од самиот почеток.

5. Снимаш ли нови материјали, каде, кој ви помага во продукцијата?

Да. Работам на повеќе проекти моментално од кој еден е веќе снимен и се средува. За продукцискиот дел моментално се грижат Трајче Цветковски и Петар Трпески (5R).

6. Кои ви се следните планови? Се чини дека оваа сцена некако станува премала за вас, па како стоиш со сцената надвор од нашата држава?!

Плановите се сеуште непознати и за мене, имам еден проект на кој работам веќе подолг период и би сакал да го завршам пошто имам уште две, три идеи за поголеми проекти, па ќе видиме. За публиката надвор од Македонија почнав да заебележувам сега после Мимика, што е кул и неочекувано истовремено.

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Меланија Трамп со една фотографија ја открила вистината за разводот: Никој не го очекувал ова!

Се шпекулираше дека Словенката само чека погоден момент да го напушти, но сепак се чини …