Донација на Филхармонија за Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје

НУ Филхармонија се откажува од Договорот со Министерство за култура за меѓународно претставување на институцијата во 2020 година. Станува збор за износ од 2.300.000 денари кои беа наменети за меѓународно претставување на институцијата и презентација на македонската култура во светот. Воедно, институцијата ќе донира и 130. илјади денари од сопствен буџет на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
– Се откажуваме од овие средства кои во моментов може да се пренаменат за многу поважни работи со оглед на состојбата со која се соочува нашата земја. Нашата институција ќе донира и 130 илјади денари од сопствениот буџет на Инфективната клиника во Скопје- вели Виктор Илиески, директор на Филхармонија.
Филхармонија продолжува со емитување на концерти на својот Јутјуб канал и на социјалните мрежи.
-Во овие моменти најважно е да се почитуваат препораките и сите да седат дома. Токму затоа го инициравме виртуелното дружење со нашиот оркестар, со врвните солисти и диригенти кои настапија на нашата сцена. Сакаме во овие тешки моменти да им го збогатиме секојдневието на нашите сограѓани со врвна музичка изведба. Музиката има терапевтска моќ, тоа го докажале безброј истражувања досега. Ако не можеме да помогнеме директно, како што тоа го прават неуморно здравствените работници, на кои сме им неизмерно благодарни, можеме барем индиректно преку моќта на музиката да им помогнеме на луѓето полесно да се соочат со предизвиците. Можеби звучи утописточки и романтично, но ние сакаме да веруваме дека музиката може да го спаси светот- вели Илиески.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Антолог ја претстави „Клуб на обожаватели“ од Горан Трибусон

Издавачката куќа Антолог од Скопје со големо задоволство во рамките на проектот Читаме заедно! (United we read!) ви ја …