Тешко ни е во изолација? Потресна приказна на една Македонка која испраќа моќна порака до сите – „Зборувај ми за изолација!Тешко ви е да сте дома сите заедно, а?“

Скопјанката Симона Арсовска ја отвори својата душа на Фејсбук и испрати трогателна, но силна порака до сите. Откако ќе ја прочитате, поинаку ќе гледате на изолацијата на која, поради коронавирусот, сме принудени.

„Скоро цела бременост во кревет дома, во една положба. Јадење со лежење, мочање у лопата по болници!!!
Зборувај ми за изолација.
Две недели без да ја видам ќерката ни мажот ни никој на ПИН во кревет. Ни тв ни ништо!!! Ќерка ми плачеше по тел ми викаше мамо те сакам дојди си.
Зборувај ми за изолација.
Два месеци дома, сами јас и Мартин без бебиња. Не ти се дише бре, не постоиш. Рана толкава од царски рез а немаш бебиња дома два месеци!!! Ти викаат молзи се а од грутка во грло не дишеш!!!
Зборувај ми за изолација.
Две недели со бебе на детска клиника, бебе во инкубатор и јас. Толку… во 4 ѕида, не одиш на мочање зашо може да откорне игла од главата ако не го видиш и пак да го боцкаат со саати.
Зборувај ми за изолација.
Четири месеци дома со едно бебе додека другото се мачи да преживее на киника. Четири месеци мајка и татко без бебе да го бацат, да го гушнат, да го допрат!!!
Зборувај ми за изолација.
Уште две операции со Ведран по болници, цели две години бегање од луѓе и гужви. Две години единствен дом ни е природата, ни игротека не видел, ни детски родендени видел, единствено друштво семејството најблиско, се заради неговите кревки бели дробови, чудно дишење и борба да создаде имунитет.
Зборувај ми за изолација.
Две години мајка и татко живееме без едно дете. Дупка во срцата. Две години живееме без пријателите кои не напуштија зошто не разбраа низ што минуваме. Не постоиме зошто нашиот живот запре овие две години додека нивниот продолжи.
Зборувај ми за изолација.
Две години не работам, дете чувам, цртам чаши од дома, мажот ми се труди од едно место на друго место да заработи и да го толерираат од работа заради сите отсуства што ги прави заради прегледи. Две години живееме крајно скромен живот, не сме виделе кафана, не сме виделе кафич ниту забава!!!!
Зборувај ми за изолација.
Тешко ви е да сте дома сите заедно, кратко, вонредно, покрај семејствата и најмилите дури да помине лудилово а?
Јебала ве вас изолација сите до еден!!!!!!“

Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Тест од 5. секунди открива дали месото е свежо или расипано

Бојата, количината на вода и ишараноста со бели ленти откриваат колку месо стоело на полиците …