КОРОНА ВИРУСОТ ВО СПОРТОТ – Мурињо го налутил градоначалникот:„Што ако ова го видат децата?“

Фотографиите на Жозе Мурињо и тројца играчи на Тотенхем кои тренираат во парк на оддалеченост помала од пропишаните два емтри се прошириле по интернет.
“Јас разбирам дека моите потези не беа во согласност со владиниот протокол, во кој се вели дека треба да бидеме во контакт само со членовите на сопственото домаќинство. Важно е сите ние да ја играме својата улога и да ги следиме упатствата за поддршка на нашите херои во здравствениот систем и да спасиме животи”, рекол Мурињо откако бил фатен во акција.


„Нашите наши играчи постојано го потсетуваме да одржуваат социјална дистанца кога тренираат на отворено и ние ќе продолжиме да ја шириме таа порака“, додал портпаролот на Тотенхем.
Мурињо беил снимен со Танги Ндомбеле, Дејвинсон Санчез и Рајан Сесегон во лондонскиот Хедли Комон. Тие на тренингот не биле на пропишаното растојание.

Португалскиот тренер и неговите фудбалери веројатно нема да сносат последиците, но овој случај го налутил градоначалникот на Лондон, Садик Кан.
„Се грижам дека луѓето, особено децата, кои навиваат за Тотенхем или гледаат фудбал, можат да ги видат овие слики и да мислат:’Ако можат, зошто не можам јас?’. Мислам дека нема потреба да тренираме толку блиску до друг играч кој може да го носи вирусот. И, она што тие го прават е ненамерно потенцијално ширење на вирусот и тие не треба да го прават тоа“, изјави Хан за емисијата BBC Breakfast.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КРАЈ НА ГРУПНАТА ФАЗА – Пред нас е голем ден на Светското првенство: Србија сака да се одмазди – се збогуваме со фаворитот од сенка?

Остануваат уште четири натпревари од групната фаза на Светското првенство во Катар и тие се …