Разводот на Адел „ќе тежи“ 140. милиони фунти а таа има само една желба!

Судот во Лос Ангелес, наводно, го прифатил барањето на Адел да ги задржи деталите за нејзиниот развод од хуманитарниот работник Симон Конечки. Познато е само дека 31-годишната пејачка и нејзиниот поранешен сопруг ќе го делат старателството над нивниот седумгодишен син Ангел, додека „финансиските, продажните или другите доверливи деловни информации“ во врска со постапките нема да бидат јавно достапни.

„Разводот во Холивуд може да се арзвлече со години и да стане многу грд. Адел и Симон очигледно не го сакаат тоа“, изјави извор за „The Sun“.
И двајцата се посветени на чување на деталите што е можно по приватно, за доброто на нивниот син. Оние што бараат пристап до деталите за разводот, ќе бидат принудени да потпишат договор за необјавување. Наводно, разводот тежи неверојатни 140. милиони фунти.


Адел неколкупати истакна дека минатата година и била тешка и дека нашла мир во снимањето нови песни. Фановите ширум светот едвај го чекаат новиот албум што треба да излезе наскоро.
На почетокот на годината, Адел изгуби над 40. килограми благодарение на ригорозна диета, што ја направила непрепознатлива но со тоа ги загрижила нејзините фанови.

Адел пред венчавката не склучила предбрачен договор па според законот нејзиниот бивш сопруг може да добие половина од сиот нејзин имот – како од парите така и од недвижностите.

Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПРИМЕР ЗА ВОСХИТУВАЊЕ – Се преполовил а имал 226 килограми:„Јас сум доказ дека е се’ возможно!“

Момчето кое поради лекови и љубовта кон брзата храна дотуркал до 226. килограми одлучил да …