Пике си заминува од Барселона: Шакира му го избрала новиот клуб!

ШПАНСКИ AS пишува дека Жерард Пике би можел да ја замени Барселона со МЛС летото 2021 година.
Дејвид Бекам во Интер Мајами со раширени раце го чека 33-годишниот стопер кој е се поблизу до одлуката на својата кариера да стави крај во САД.
Наводно, Пике, освојувач на сите големи трофеи во кариерата, му кажал на раководството на Барселона дека сака да го напушти клубот по 12. години.
Договорот со Барселона е во сила до 2022 година, меѓутоа, тој сепак сака да игра во првиот тим, што би можело да стане проблематично во Барселона бидејќи клубот почнува да се свртува кон помладите играчи.
Неговата сопруга Шакира, светски познатата пејачка, исто така се загреака за таа опција. За нејзината кариера, одењето во САД би било чекор напред, и затоа го турка сопругот кон Интер на Бекам.
Шпанците додаваат дека нејзиното мислење било пресудно во овој случај.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) „НИЕ СМЕ ЕДНО“: Златан Ибрахимовиќ со објава на Фејсбук испратил можќна порака во борбата со расизмот

Шведскиот фудбалер, Златан Ибрахимовиќ, испратил силна порака за поддршка против расизмот, што последните неколку дена …