БРАЧЕН ПАР ОД ШПАНИЈА ЈА ПОБЕДИЛ КОРОНА: Заедно се веќе 65. години – не се одвојувале ниту во болницата

Двајца сопружници од Шпанија, кои живеат заедно полни 65 години, биле отпуштени од една од клиниките во Мадрид, откако двајцата успеале да заздрават од Ковид-19, пренесува Pais.
Според весникот, Хозе Прито Серудо и Гвадалупе Матас Ернандес биле во брак од 1955. година и имаат седум ќерки.
На 4.март Хозе отишол на лекар поради тешка кашлица, му биле препишани антибиотици и бил пуштен дома.
На 8.март, семејството ја прославило 65. годишнината од свадбата, а следниот ден Хозе беше примен во мадридска болница поради висока треска и главоболка. Корона тестот бил позитивен.
По неколку дена, неговата сопруга добила слични симптоми, па затоа била упатена во истата болница.
И покрај правилата дека пациентите мора да бидат во одделни простории,на оваа брачна двојка и било дозволено да биде заедно.
Дури и кога Гвадалупе се опоравила и можела да биде отпуштена, таа одбила, изјавувајќи дека нема да замине без сопругот.
На 30 март двајцата конечно биле во можност да ја напуштат болницата и да се вратат дома.

Пандемија во Шпанија
Според најновите податоци, вкупно 140.511 пациенти со Ковид-19 се регистрирани во Шпанија, излечени се 43.208, а починати 13.897.
Според податоците, смртноста од корона вирус во Шпанија кај жени постари од 80. години е скоро 60% од вкупниот број на смртни исходи, а кај мажите е 49% кај мажите.
Во исто време, бројот на починати и нови заразени се намалува неколку дена по ред.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПРИМЕР ЗА ВОСХИТУВАЊЕ – Се преполовил а имал 226 килограми:„Јас сум доказ дека е се’ возможно!“

Момчето кое поради лекови и љубовта кон брзата храна дотуркал до 226. килограми одлучил да …