(ФОТО) Јапонија најавува вонредна состојба во траење од шест месеци

Во повеќето случаи, нема казни за игнорирање на барањата на властите, а спроведувањето на овие мерки ќе се потпира повеќе на притисокот на заедницата и почитување на надлежните органи.
Јапонија ќе прогласи вонредна состојба во обид да го спречи ширењето на коронавирусот, објавија локалните медиуми, според кои владата подготвува стимулативен пакет за ублажување на ударите врз економијата која веќе се бори да избегне рецесија.


Повеќе од 3.500 луѓе се позитивни за коронавирусот во Јапонија, а 85. починале, што е многу помалку во споредба со другите земји во светот, но бројките сепак се зголемуваат и ситуацијата е особено алармантна во Токио, каде има повеќе од 1.000 случаи, пренесува „Ројтерс“.



Премиерот Шинзо Абе најверојатно ќе го објави својот план за вонредни состојби во текот на денов, објави весникот „Јомиури“, додека новинската агенција „Кјодо“ соопшти дека новите мерки веројатно ќе стапат на сила во среда.


Воведувањето вонредна состојба ќе им овозможи на гувернерите да ги повикаат луѓето да останат дома, претпријатијата ќе се затворат, но тие не би можеле да воведат изолација како во другите држави. Во повеќето случаи, нема казни за игнорирање на барањата на властите, а спроведувањето на овие мерки ќе се потпира повеќе на притисокот на заедницата и почитување на надлежните органи.


Владата размисли за воведување вонредна состојба за период од шест месеци, а одредени префектури ќе одлучуваат индивидуално колку долго ќе ги применуваат овие мерки.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) КОГА ПАРИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ТИ КУПАТ СРЕЌА: Атина Оназис – сопругот немилосрдно ја изневерувал, никогаш не ја преболела смртта на саканата личност, многу трагедии и го одбележале животот

Проклетството на семејството Оназис не ка одбегналоЖивотот на Атина Оназис, и покрај нејзиното потекло и …