(ФОТО) Супер мајката го родила своето 22. дете

„Тоа беше најчудното раѓање досега, но на крајот, би рекла дека е најдоброто искуство“, рекла среќната мајка
Сузан (45) и нејзиниот сопруг Ноел (49) од Радфорд, Ланкашир, го прошириле семејството со уште едно девојче тешко 3,1 килограми.
Родителите на најголемото британско семејство, кои инаку сами се издржуваат, имаат своја пекарница, но сепак уште не го избрале името за својата 11-та ќерка.
Породувањето траело 10. часа, а Сју рекла дека била многу исплашена кога отишла во болницата во време на пандемија на коронавирус.


„Мислев дека нема да дозволат мојот сопруг да дојде во болница. Бев многу исплашена затоа што бевме во изолација и бев загрижена за тоа што ќе се случи кога ќе ја напуштиме куќата“, рекла таа, пренесува The Sun.
Таа додала дека стравот го снемало кога пристигнала во болницата.
„Тоа беше најчудното раѓање досега, но на крајот, би рекла дека тоа е најдоброто искуство досега“, истакнала таа, додавајќи дека тие сè уште не решиле како ќе се вика девојчето и дека сега поради пандемијата не можеле да ја пријават.
Сузан, која поминала повеќе од 800 недели од својот живот во бременост, се заколнала дека ова ќе биде нејзиното последно бебе – но истото го кажала и неколку пати досега, според извештаите на медиумите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Тест од 5. секунди открива дали месото е свежо или расипано

Бојата, количината на вода и ишараноста со бели ленти откриваат колку месо стоело на полиците …