Најчестите поставувани прашања за коронавирусот и ризиците во бременоста

Колкава е веројатноста за инфекција со коронавирус во текот на бременоста? Што доколку здрава трудница има позитивен тест? Дали ако сум позитивна на КОВИД-19 треба да бидам одделена од своето бебе? Дали можам да дојам ако имам коронавирус? Ова се само дел од прашања што секоја трудница си ги поставува во периодот со справувањето со пандемијата од коронавирусот.

Интернационалното здружение на гинеколози и акушери (ISUOG) и протоколот објавен на 26 март 2020 година ги објави најчестите поставувани прашања за КОВИД-19 и ризиците во бременоста.

1) Како да се однесуваат трудниците и дали се препорачува редовно да се прават Антенаталните контроли?

– Антенаталните контроли во текот на бременоста се особено важни, не само за вашето здравје туку и за добросостојбата на вашето бебе. Сепак во овој период на активна пандемија се препорачува да се намали бројот на задолжителните антенатални прегледи во бременоста, но само при нормален тек на бременоста и кај трудници кои немаат лошо акушерско минато или други минати здравствени проблеми – односно немаат ризични фактори за евентуална појава на патолошка бременост.

2) Што доколку имам барем еден од симптомите на оваа инфекција, а сум бремена?

– Доколку имате барем еден од симптомите на оваа инфекција потребно е да се јавите на преглед кај вашиот лекар. Секогаш поставете ја маската пред да излезете од дома, држете растојание најмалку 2 метри од останатите, особено откако ќе пристигнете во болницата или во амбулантата и најдобро телефонски најавете го вашето доаѓање. Во епидемиолошката анкета задолжително пријавете ги во целост вашите симптоми и контакти со можен ризик.

3) Колкава е веројатноста за инфекција со коронавирус во бременоста?

– Имаме мошне малку публикации досега, па последователно на тоа и недоволен број информации за бремени жени што се разболеле од КОВИД-19. Од досега објавените докази се чини дека помал е бројот на трудници што се позитивни или болни од КОВИД-19 во споредба со останатите жени на таа возраст. Жените со други здравствени проблеми, особено тие со хронични заболувања на респираторниот систем, висок крвен притисок, дијабетес, имаат поголем ризик од ова заболување и за нив постои поинаков протокол за следење на бременоста и породувањето.

4) Што доколку здрава трудница има позитивен тест?

– Повеќето здрави трудници кај кои тестот за Ковид 19 ќе биде позитивен, би требало, доколку се без симптоми или со блага симптоматологија, да бидат згрижени дома, а да останат во комуникација со својот матичен гинеколог и лекар. Доколку кај нив симптомите почнат да се влошуваат, неопходна е хоспитализација.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Мултифункционален, штедлив – минијатурен дом на тркала – Што уште да се посака?

First Light Studio ги здружил силите со локалната компанија Build Tiny и го изгради ова …