(ВИДЕО) ОТКРИЛ НА ИНСТАГРАМ – Зверев со корона вирус дошол до полуфиналето на Австралија Опен

Јас и Бренда бевме во Кина на 28 декември. Вие дури и не можете да замислите кашлање еден месец во Австралија, рече Германецот
Една од најголемите млади тениски ssвезди во светот, Александар Зверев (22) ги шокираше Германија и тенискиот свет признавајќи дека најверојатно уште во декември го преболел коронавирусот. Германецот открил на Инстаграм дека бил во Кина со својата девојка, врвниот модел Бренда Пате, околу новогодишните празници, и дека тие веројатно заедно се заразиле со коронавирусот и го преболеле во меѓувреме.

„Бренда и јас бевме во Кина на 28. декември. Вие дури и не можете да замислите како кашлав еден месец во Австралија. Имав температура два или три дена. Тоа беше кашлица што никогаш не сум ја имал во животот, на секои десет секунди имав напад“, ги опиѓал симптомите седмиот тенисер ги опишал симптомите на Инстаграм во живо на неговиот пријател Оливер Похер.
Зверев тогаш се натпреваруваше во АТП Купот и претрпе три последователни порази, а потоа отиде во Австралија опен и стигна до полуфиналето, каде беше запрен од друга голема млада sвезда, Доминик Тејм.
„Јас дури и не сакав да мислам дека имав коронавирус и стигнав до полуфиналето на Австралија Опен! Тоа би било навистина сензационално“, вели Зверев.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) „НИЕ СМЕ ЕДНО“: Златан Ибрахимовиќ со објава на Фејсбук испратил можќна порака во борбата со расизмот

Шведскиот фудбалер, Златан Ибрахимовиќ, испратил силна порака за поддршка против расизмот, што последните неколку дена …