(ВИДЕО) Ноам Чомски: Коронавирусот е ужасен, но се приближуваат други две поголеми закани

Многу повеќе профит има при изработка на нов крем за тело отколку во пронаоѓање на вакцина!
Чомски, 91-годишен познат лингвист, филозоф и еден од најголемите мислители на неговото време, деновиве ги поминува во самоизолација во Аризона. Чомски зборувал преку видео-врска со Сречко Хорват на DiEM25 телевизија за светот во доба, но и по коронавирусот.
Според Чомски, шокантно е што во овој клучен момент Доналд Трамп е во првите редови на Америка.
„Коронавирусот е многу сериозен, но мора да имаме на ум дека ни се приближуваат уште две големи закани. Едната е нуклеарна војна, а другата е глобалното затоплување. Коронавирусот е ужасен и може да има сериозни последици, но ќе има закрепнување. А после овие две големи закани, нема закрепнување “, рече Чомски.


Америка има премногу моќ, а Европа слепо го следи својот господар. Додајте го на тоа и смртта на илјадници бегалци на Медитеранот, вели Чомски и ќе ја разберете кризата на западната цивилизација.
„Коронавирусот ќе нè натера да размислуваме во каков свет сакаме да живееме“, вели тој.
Чомски смета дека изворот на кризата лежи во колапсот на пазарот и неолибералните политики кои ги засилија длабоките социо-економски проблеми.
„Веќе подолго време е познато дека може да се случи ваква пандемија и се знаеше дека тоа ќе биде пандемија на коронавирус, модификација на она што го видовме со САРС.Можеа да работат на вакцини, да развијат заштита од потенцијална пандемија и со мали измени ќе ја имавме денес вакцината“, вели Чомски.
Тој додал и дека има многу поголем профит во изработката на нов крем за тело отколку да се најде вакцина.
„Неолибералната чума блокираше сè“, рече Чомски.

Игнорирани предупредувања
Чомски потсетува дека сите знаци на предупредување биле таму.
„Ние не обрнавме внимание на информациите. Кина ја извести Светската здравствена организација на 31. декември. Кинеските научници наскоро го изолирале вирусот. Земјите од тој дел на планетата започнаа да прават нешто. Во Европа, ова се случи барем до некаде. Германија има сигурен болнички систем и може да направи нешто за себе. Некои други земји ги игнорираа предупредувањата, особено Велика Британија и САД“, рекол Чомски.


Нема да биде лесно
Дали има простор за оптимизам, особено ако многу граѓани поверуваат дека авторитарните режими се спас?
„Постои можност луѓето да се организираат, дека ќе работат за подобар свет, но тој свет ќе се соочи и со големи проблеми. Ова е клучен момент во човечката историја, затоа што е време да се препознаат длабоките недостатоци на светот, дисфункционалните карактеристики на целиот систем, кои мора да се променат. Ова е знак за предупредување и лекција што мора да ја научиме , одговорил Чомски.
На крајот, тој вели дека нема да биде лесно, но додал и дека луѓето се соочиле со големи проблеми во минатото и успеале да најдат решенија за нив.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …