(ФОТО) ТРАГЕДИЈА ПО ТРАГЕДИЈА – ПРОКЛЕТСТВОТО НА КЕНЕДИЕВИ СЕУШТЕ ТРАЕ: Починала внука на убиениот Роберт Кенеди со нејзиниот осум годишен син!

Велат од судбината не може да се избега а тоа, со децении, се случува со семејството Кенеди – како да се проколнати…им се случува трагедија по трагедија и…како да нема крај…
Ќерката на внуката на убиениот американски претседател Џон Кенеди и нејзиниот 8-годишен син се воделе како исчезнати откако не се вратиле по пловењето со кану, објавиле властите во Мериленд.
Тие во четвртокот отишле да се возат по едно езеро во оваа сојузна држава во близина на Вашингтон и не се вратиле. Полицијата, крајбрежната стража и пожарникарите интензивно ги барале, но гувернерот на Мериленд и ја соопштил на јавноста лошата вест за нивното исчезнување.


Исчезнала 40-годишната Мејв Кенеди МекКин и нејзиниот 8-годишен син Гидеон. Мејв е ќерка на постарата ќерка на братот на Џон Кенеди – Роберт, министер за правда на САД – убиен во 1968. година, пет години по убиството на неговиот брат Џон Кенеди.

Со ова исчезнување, како да продолжува трагичната судбина на кланот Кенеди, едно од најугледните политички семејства во САД.
Претседателот на САД, Џон Кенеди, бил убиен на 22. ноември 1963, година во Далас, а неговиот брат Роберт, на кого му биле давани добри шанси да биде претседател на САД бил убиен во 1968. во Лос Ангелес. Еден од неговите синови, Дејвид, починал откако се предозирал со кокаин во 1984., за синот на Џон Кенеди да загине во авионска несреќа со авион со кој пилотирал самиот.
Трагичната низа трагедии на семејството Кенеди ја продолжила една од внуките на Џон Кенеди, која се предозирала минатата година. Имала 22 години.

Последните вести за Мејв Кенеди Таунсенд МекКин (40) и нејзиниот син, Гидеон (8) се дека се прогласени за мртви, односно удавени, откако после повеќечасовна потрага било пронајдено нивното кану, неколку километри далеку од местото каде почнале со веслање.

Екран

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Белгискиот нобеловец категорично тврди: Кога вака постите, телото може да се избори со рак и деменција!

На вас е што јадете и кога јадете, но научните истражувања велат дека е подобро …