(ВИДЕО) Најпознатиот снагатор ја покажал нежната страна: Двејн Џонсон и пеел на ќеркичката и ја учел да мие раце!

Славниот холивудска снагатор, Двејн Џонсот „The Rock“ на својот профил на Инстаграм објавил видео од неговата 4-годишна ќерка Тија, која ја учи да мие раце, и ја покажал својата нежна страна.
„Пред да одам на туш, Тија бараше да и го пеам рап делот од песната „Добредојдовте“ од анимираниот филм „Моана“. Пред неколку недели откривме дека децата се забавуваат додека им пеам, и дознавме дека миењето на рацете е забавно. Мора да ви се допадне почетокот на видеото, во кое Тија ми објаснува да замолчам и да почнам да пеам“, напишал славниот Рок на Инстаграм.
Актерот ја соблекол маицата и се завиткал само во пешкир и и’ ги покажал на својата ќерка мускулите и здравите навики.

Џонсон, како и останатите негови колеги, во моментов е на пауза од снимањето додека не помине пандемијата на коронавирус, бидејќи продуцентите стравуваат дека актерската екипа ќе биде заразена, и ги одложиле премиерите на бројните филмови планирани за оваа година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Починал легендарниот Ѓорѓе Марјановиќ: Пејачот ја загубил битката со корона вирусот

Познатиот музичар бил приклучен на респиратор и лекарите се бореле за неговиот живот изминатите денови. …