(ВИДЕО) БРАВО ЏЕН: Погледнете како глумицата изненадила медицинска сестра заболена од корона вирус!

Актерката се вклучила во видео разговор и оставила без зборови…
Кимбел Фербенкс, медицинска сестра со корона вирус која моментно е во изолација, била гостинка на Џими Кимел,во домашното издание на ова познато шоу, не наслутувајчи го вклучувањето на Џенифер Анистон.
Гостувајќи преку видео повик кај Кимбел рекла дека не е сигурна точно како е заразена, но дека верува оти тоа се случило во болницата каде што работи, но додадла дека нејзината самоизолација е тешка затоа што е одвоена од нејзиниот син (4) и ќерка која има само 18 месеци.
Се чувствува подобро и и’ е кажано дека на 8. април ќе може да ги види своите деца.

За малку да ја развесели, Кимел и приредил едно изненадување и во разговор ја вовел ѕвездата на серијата „Пријатели“.
Кога Кимбел ја видела Џен на екранот, останала без зборови, а актерката ја искористила можноста на неа лично и на сите даватели на здравствени услуги кои моментално во Соединетите Држави водат тешка битка со корона вирусот, да им се заблагодари за се што прават за нив.
„Немам зборови да ја изразам мојата благодарност за се што вие луѓе го правите и со тоа ги ризикувате вашето здравје и вашите животи“, додала Џенифер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Се свршил синот на Бекам, Викторија не го крие воодушевувањето:„Не можеме да бидеме посреќни!“

БРУКЛИН Бекам, синот на Дејвид и Викторија Бекам, се свршил со својата девојка Никола Пелц …