75 години од првата премиера на Македонски народен театар – претставата „Платон Кречет”

Драги наши доајени, некогашни и сегашни колеги, драги љубители на театарот! Денес ја славиме 75 годишнината од првата премиера на Македонски народен театар – претставата „Платон Кречет” во режија на Димитар Ќостаров. Иако денес сцената е празна, сите ние го чувствуваме мирисот на сцената и театарската светлина во нас. Сите овие изминати години беа исполнети со дружење, смеа, креативност, силина, моќ, радост … Вие, актерите, од различни генерации одигравте/играте на сцената со бескрајна посветеност, страст, жар, пожртвуваност и секокаш дававте/давате се од себе.
Огромен е бројот на режисерите, драматурзите, сценографите, костимографите, композиторите, сектор светло, сектор тон, сектор видео, инжинерите, гардероберите, реквизитерите, шминкерите, фризерите, изработувачите на сценографија, декоратерите и администрацијата кои со неуморна сила секогаш сте присутни зад сцената овозможувајќи непречено да се одвива магијата и вашата посветеност е непроценлива. Сите заедно направивме театарот да живее, расте и се развива, и истовремено да се прикаже на сцената мигот од животот пред верната публика! Иако прв пат се соочуваме со празна сцена и празни седишта, повторно светлата ќе се запалат, сценографијата ќе иде на сцената и вие, актерите, ќе ги облечете костимите и изговорите текст, затоа што театарот бил, тука е и ќе остане засекогаш!
Иако сега ова е тивок период на сцената, неговото бескрајното патување низ времето продолжува со креирање и планирање на нови претстави, проекти, изложби …. Театарот од секогаш бил во нашите срца и мисли! Поради тоа, на сите кои сте биле и сте дел од МНТ на било кој начин би сакале да ви заблагодариме за сѐ и за секоја ваша пожртвуваност да ви оддадеме почит! Нека ни е честит јубилејот!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Антолог ја претстави „Клуб на обожаватели“ од Горан Трибусон

Издавачката куќа Антолог од Скопје со големо задоволство во рамките на проектот Читаме заедно! (United we read!) ви ја …