(ФОТО) ИСПОВЕД – Српски одбојкар го победил корона вирусот: „Ги добивав тие ‘лекови за коњи’, плус лекови за СИДА – Можам да кажам дека се’ се нагледав – Ова е болест која нема правила!“

Српскиот репрезентативец во одбојка, Никола Росиќ, после 17. дена се опоравил после борбата со коронавирусот и откако сменил две болници, и поминал три дена во импровизирана болница на Саемот. Тој бил пуштен дома откако неговиот нов тест бил негативен.
„Пред околу 17 дена, чувствував дека четири дена имам температура што не ми поминува. Не беше многу висока температура, но не можеше да се симне. Решив да одам да се тестирам. Ме тестираа и ме сместија во одделот и следниот ден дознав дека сум позитивен. Оттогаш, започнаа третманите,седум дена во континуитет, после тоа бев префрлен во болницата ‘Драгиша Мисовиќ’ и од таму три дена на Саемот. На третиот ден се појавија резултатите дека брисот е негативен и дека ја надминав оваа болест“, изјавил Росиќ за Телеграф и продолжи да ја опишува неговата борба:


„Јас од симптомите, фала му на Бога, освен температурата немав ништо друго. Оваа температура е предизвикана од почетната пневмонија, која беше спречена да се шири навреме и потоа сè тргна по својот тек во растечки редослед. После четири дена на овој третман, мојата температура почна да се спушта, таа исчезнуваше од ден на ден, а потоа бев во стабилна состојба седум до осум дена и чекав да пристигнат резултатите од новите брисеви. Синоќа си дојдов дома.
Српскиот одбојкар изјавил дека не патувал никаде и дека болеста ја добил во Белград.



„Никаде не патував, некој во Белград ме зарази. Не сум бил во контакт со многу луѓе, човек кој постојано се движи низ градот, кој знае кој ми го пренесе тоа. Проблемот со оваа болест е дека некој што нема апсолутно никакви симптоми, може да се зарази и да ја пренесе, а лесно се пренесува. Ова е проблемот со оваа болест. Мислам дека нашата земја може да се спаси само со строга изолација, за да нема поголеми последици, затоа што немаме капацитети. Луѓето се борат 200 на час, лекарите работат 25-30 часа континуирано, но ако се шири ќе биде многу опасно за сите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Џули во Белград дошла поради Ѓоковиќ – „Најдобар ден во мојот живот“

Еден од можеби најверните обожаватели на Новак Ѓоковиќ, Џули, го посетила Белград и ја искористилс …