Уште еден шампионски потег на Новак Ѓоковиќ: Повел борба за помош на тенисерите кои се пред банкрот!

Ова го открил бразилскиот играч Бруно Соарес…
Пред неколку дена во тениските кругови одекнала веста дека повеќе од 700. професионални тенисери и тенисерки се рпед банкрот, поради паузата поради корона вирусот, бидејќи нема турнири, а со самото тоа ниту можност да заработуваат за живот.
Посебно биле загрозени оние од 200. место од АТП и ВТА листите па надолу за кои под итно мора да се најде решение, а во целата аквија се вклучил и најдобриот тенсиер на светот, Новак Ѓоковиќ, кој се обидува да помогне.
Ова го открил бразилскиот тенисер Бруно Соарес во интервју за La Nasionu.


„Постои огромно мнозинство тенисери на кои им треба помош месечно. Има некои кои можат да живеат шест месеци без да учествуваат на турнирот, но повеќето не можат, а тоа ги комплицира работите. Бараме начин да го надминеме ова, ова е проблем со кој досега не сум се сретнал. Постои голема загриженост кај играчите кои се 150, 200, 300 или 500 и кои не можат да заработат пари во моментов“, рекол Соарес, претседател на Тенискиот совет на АТП.
Тој вели дека постои и група на совети WhatsApp во која се договараат решенија.


„Ѓоковиќ, како претседател, е многу активен и целосно посветен на решавање на овој проблем. Исто така се чувствувам одговорно затоа што претставувам играчи во двојки и има голем број од нив во тешка ситуација кои воопшто не заработуваат многу и многу страдаат. Тешко е да се контролира ситуацијата, иако во повеќето случаи овие се мали турнири“, рекол Соарес.
Да потсетиме дека поради епидемијата на вирусот корона, Вимблдон двчера беше официјално откажан, како и целата сезона на тревата, а тенисот нема да се врати, најрано, до 13 јули.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Супер лигата останала без половина клубови: „Подготвуваме нов модел на натпреварување, одиме понатаму!“

Шесте преостанати клуба од фудбалската Супер лига во текот на ноќта соопштиле дека ќе продолжат …