Брза пита од јаболки: Тестото не се меси, сите состојки (сигурно) ги имате дома, и секогаш успева

Генијален колач кој со брзина на светлината ќе стане ваш омилен десерт, а кој на бара никакво кулинарско предзнаење и се крие под името – истурена пита од јаболки.
Состојки:
2 чаши гриз
2 чаши брашно
1 чаша шеќер
1 кесичка прашок за печиво
Фил:
1,5 кг јаболки
1 кесичка ванилин шеќер
1 лажичка цимет
+ шеќер по вкус
150 г маргарин
Подготовка:јаболките изрендајте ги и измешајте со циметот па додајте шеќер. Ако имате многу слатки јаболки или сакате не толку слатки колачи шеќерот можете да го изоставите.
Во друг сад измешајте ги сувите состојки (гриз, брашно, шеќер и прашок за печиво).
Калап за печење (25х35 см) намачкајте со маргарин. Една третина од сувите состојки нафрлете на дното на калапот, на тоа наредете ги јаболките. Нафрлете ја втората третина од сувите состојки и нанесете ги останатите јаболки (најдобро е филот да го поделите на два дела). На крај распоредете го остатокот од сувите состојки.
Се’ полијте со сокот од јаболките кој ви останал од ренданите јаболки и колачот покријте го со ливчиња маргарин.
Колачот печете го околу 35. минути во рерна загреана на 180. степени.
Овој вкусен десерт може да се послужи топол, но и ладен. И во давата случаи е одличен.
Добар апетит.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Славната тенисерка родила девојче и открила кое популарно име и го дала

Каролина Возниацки стана мајка. Поранешната данска тенисерка со нејзиниот сопруг и поранешна НБА sвезда Дејвид …