Бил Гејтс знае во што е „финтата“:„Затворете се на барем десет недели!“

Нема сомнение дека Соединетите држави ја пропуштија можноста да бидат во водство во борбата против коронавирусот

Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“, во својата авторска статија за „Вашингтон пост“ ги повика американските власти да затворат сè барем десет недели за да ја добијат битката против вирусот корона.
Ви ги донесуваме најважните делови од овој текст.
„Нема сомнение дека Соединетите држави ја пропуштија можноста да бидат во водство во борбата против коронавирусот. Но, сè уште има простор за важни одлуки. Изборите што ние и нашите водачи ги правиме денес ќе имаат огромно влијание врз тоа колку брзо ќе започнат да опаѓаат случаите, колку долго економијата ќе остане затворена и колку Американци ќе треба да погребаат некој близок за КОВИД-19. Преку работа со Фондацијата, разговарав со експерти и лидери во Вашингтон и низ целата земја. Ми стана јасно дека треба да преземеме три чекори.

                                                                 Бил Гејтс: Можеме да ја развиеме вакцината за 18 месеци

Прво, ни треба конзистентен национален пристап за затворање на сè. И покрај повиците на експертите за јавно здравје, некои држави и области не затворија сè. Во некои земји, плажите сè уште се отворени; во други, рестораните сè уште работат за оние што сакаат да седат и да јадат. Ова е рецепт за катастрофа. Затоа што ако луѓето се слободни да патуваат преку националните граници, така може и вирусот. Државните службеници треба да бидат јасни: Затворање на кое било место значи затворање насекаде.
Додека бројот на заболени не започне да опаѓа низ Америка – што би можело да биде за само десет недели или повеќе – никој не може да продолжи со работа како и обично или да ги занемари работните запирања. Секоја забуна околу оваа точка само ќе ја продолжи економската болка, ќе ги зголеми шансите за враќање на вирусот и ќе предизвика уште повеќе смртни случаи.
Второ, федералната влада треба да ги засили тестирањата. Треба да бидат достапни многу повеќе тестови. Исто така, треба да ги обединиме резултатите за да можеме брзо да ги идентификуваме потенцијалните волонтери за клинички испитувања и да знаеме кога е време да се вратиме во нормала. Исто така, има добри примери – државата Њујорк неодамна го прошири својот капацитет на повеќе од 20.000 тестови на ден.
Конечно, за да се стави крај на болеста, потребна ни е сигурна и ефикасна вакцина. Ако направиме сè како што треба, би можеле да ја имаме за помалку од 18 месеци, што би била најбрзата вакцина што некогаш била развиена, напишал тој.
Инаку, според некои теории, тој бил еден од „осомничените“ и бил поврзан со појава на епидемија на коронавирус.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес ја славиме Великомаченичка Ирина: Ова никако не смеете да го правите!

Македонската православна црква денес го одбележува споменот на Великомаченичката Ирина, сама легнала во гроб, а …