Славниот фестивал во Единбург откажан поради корона вирусот – првпат после 70. години

Познатиот фестивал во Единбург, кој се нарекува најголемо славење на уметноста и културата во светот, е откажан поради пандемијата на коронавирус, пишува СиЕнЕн, а тоа го потврдила и извршната директорка Шона МекКарти и навела дека фестивалот бил закажан за август оваа година.
Првата шкотска министерка, Никола Стургеон, рекла дека станува збор за одлука со која на сите им се крши срцето, но е неизбежна во овие моменти.
“Ние имавме потврда дека славниот фестивал во Единбург ќе биде откажан ова лето за прв пат по повеќе од 70 години. Иако ова беше многу тешка одлука, таа е целосно исправна”, рекла Стургеон за време на денешниот говор пред шкотскиот парламент.
Откажани се и четири други фестивали, кои исто така требало да се одржат во август во главниот град на Шкотска. Тоа е Единбуршкиот уметнички фестивал, како и Меѓународниот фестивал на книги, по што следат Единбург Меѓународниот фетивал и Royal Edinburgh, фестивал за воени тетоважи.
„Сите пет фестивали, вклучително и Fringe, со години привлекуваше публика од милион и над 25.000 уметници, писатели и изведувачи од 70. земји во текот на годините, што ги прави втор по големина културен настан во светот веднаш по Олимпијадата“, се вели во соопштението на организаторите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Антолог ја претстави „Клуб на обожаватели“ од Горан Трибусон

Издавачката куќа Антолог од Скопје со големо задоволство во рамките на проектот Читаме заедно! (United we read!) ви ја …