Многу деца во Америка остануваат гладни бидејќи не одат на училиште, но Ангелина Џоли ќе помогне!

„No Kid Hungry” (Ниту едно дете да не е гладно) вложува оодлучни напори да ја обезбеди потребната храна за што повеќе деца…
Популарната холивудска актерка Ангелина Џоли (44) дала се од себе да ги собере сите свои деца на исто место за да со заеднички сили го победат стравот од коронавируси.
Така, покрај неа се Пакс (16), Захара (15), Шилох (13), близнаците Нокс и Вивијан, како и нејзиниот најстар син, Медокс (18), кој долетал од Јужна Кореја откако неговите универзитетски часови биле откажани. Тој одлучил дека сака да биде со своето семејство за време на овие тешки времиња за целата планета.
„Сите деца се со Ангелина. Целото семејство ужива во изолацијата. Тие работат на своите задачи, свират на инструменти и готват заедно и редовно го посетуваат нивниот татко“, пренесуваат светските медиуми.


Познатата Оскаровка и активист донирала 1. милион долари на организацијата „No Kid Hungry”, која дистрибуира помош, за да им помогне на заедниците да ги нахранат децата кои својот ручек го добивале додека оделе на училиште.
„Од оваа недела, над една милијарда деца се надвор од училиштата, бидејќи тие се затворени поради коронавирусот. Многу деца зависат од грижата и храната што ја добивале за на престојот на училиште, вклучувајќи скоро 22 милиони деца во Америка на кои им е потребна храна. „No Kid Hungry“ прави решителни напори да им ја обезбеди потребната храна на што е можно повеќе деца“, рекла Ангелина Џоли.

Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Мрачна тајна на Хали Бери: Својот изглед го должи на болеста!

Од доцните осумдесетти години на минатиот век глумицата се бори со свирепа болест…   View …