(ФОТО) ШТО Е СИГУРНО – СИГУРНО Е – ПОРАДИ КОРОНА КАМПУВА ВО СВОЈОТ ДОМ: Екстремните мерки на американски пулмолог го воодушевиле светот!

Д-р Тими Ченг, лекар од Калифорнија, е специјалист за белодробни заболувања и во моментов, како и многу негови колеги ширум светот, се бори против инфекциите на корона вирус.
Поради природата на неговата работа, тој е во ризична група,па д-р. Ченг решил да ја зголеми заштитата на своето семејство. Првата вечер по работата, тој спиел во својот автомобил а неколку ноќи спиел во болницата.

Неговата сопруга тогаш му предложила да спие во шатор во нивната гаража, што лекарот, секако го прифатил, јавува NBC.

Во неговиот шатор ставил кревет и донел лаптоп, а семејството му донело оброци.

Објавата на Фејсбук на д-р.Ченг е означена 17.000 пати и споделена 39.000 пати. На неа, со слики од изолација, тој ги повикал сите да останат дома и да ги зголемат напорите во здравствениот систем.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Белгискиот нобеловец категорично тврди: Кога вака постите, телото може да се избори со рак и деменција!

На вас е што јадете и кога јадете, но научните истражувања велат дека е подобро …