(ФОТО) Правилата важат за сите, но не и за Роналдо: Кога сите во Португалија се во карантин тој бил на прошетка!

И’ покрај бројните хумани гестови кои Кристиано Роналдо ги направи за неговата Португалија и борбата со корона вирусот, се чини дека со еден потег го предизвикал гневот на јавноста…
Кристиано Роналдо донирал неколку милиони евра за португалските болници во борбата против коронавирус. И’ покрај хуманиот гест Португалецот со еден потег предизвикал гнев кај тамошната јавност.
Фоторепортерите го „фатиле“ како со Георгина Родригез и децата шета низ улицитена Фуншал. Препораките и во Португалија се исти, сите да останат во своите домови, доброволно да бидат во изолација. Кафулињата и рестораните се затворени и секој мора да држи растојание од еден метар.
Но, без разлика на апелите Роналдо одлучил да се прошета.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Натчовечки напор: Контадор се „искачил’ на МонтЕверест

Алберто Контадор, прославениот шпански велосипедист, постави нов рекорд на „Еверестинг“, рекорд со време од седум …