(ФОТО) ОВА Е ОСМО СВЕТСКО ЧУДО: Црква во Етиопија која пропаднала во земја

Ако ги гледате фотографиите на црквата од воздух, ќе ви се чини дека е невозможно да се влезе во неа.


На ова подрачје има вкупно 11. црква направени од карпи кои се наоѓаат на листата на Светско наследства на УНЕСКО, но токму оваа се смета за најпозната.



Црквата Свети Ѓорѓи во Лалибела во Етиопија често се нарекува осмо светско чудо. Станува збор за монолитна црква и место за причестување за верниците од Етиопската православна тевахедо црква во регионот Амхара, која е направена од седиментни карпи од Вулканско потекло.


Иако на прв поглед изгледа како да пропаднала во земја, всушност е правена насока од горе надолу. Димензиите на комплексот се 25 х 25 х 30 метри.

 

Нејзината изградба ја нарачал етиопскиот крал Гебре Месксел Лалибела од династијата Загај кон крајот на 12-тиот век, бидејќи сакал да создаде нов Ерусалим.

Ако ги гледате фотографиите на црквата од воздух, ќе ви се чини дека е невозможно да се влезе во неа.

Но, во близина е направен кањон кој се претвора во тунел, а кој води до црквата.

Во црквата се наоѓа едноставен олтар посветен на Свети Ѓорѓи и реплика на Заветниот ковчег во кој се наоѓале камени плочи со Десетте заповеди.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …