Починал славен композитор: Делото им го посветил на жртвите на Хирошима, компонирал и за бројни филмови

Светски познатиот полски композитор Кшиштоф Пендерецки починал денес на 86-годишна возраст по долга и тешка болест…
Смртта на славниот композитор не е поврзана со коронавирусот. Иако лицето кое се грижело за него било позитивно за коронавирусот, резултатот од тестот на Пендерецки бил негативен, рекла неговата ќерка Бет.
Тој е најпознат по своите дела „Жалбената“, посветени на жртвите на Хирошима и „Пасијата од Лука“.
Кшиштоф Пендерецки е познат на широката публика според филмската музика што ја компонирал за филмовите „Истерувач на ѓаволот“ на Вилијам Фридкин, „Исијување“ на Стенли Кјубрик, „Диви во срцето“ на Дејвид Линч.
Добитник е на четири Греми награди, последната во 2016. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Се свршил синот на Бекам, Викторија не го крие воодушевувањето:„Не можеме да бидеме посреќни!“

БРУКЛИН Бекам, синот на Дејвид и Викторија Бекам, се свршил со својата девојка Никола Пелц …